Вие имате прво да ја знаете вистината

Какво омаловажување на најдобриот тенисер: АТП јавно го понижи Новак Ѓоковиќ

Вториот тенисер во светот, Русинот Данил Медведев , потврди дека ќе учествува на Австралија опен во 2022 година.

Тој на Твитер објави порака во која го тагна официјалниот профил на Австралија Опен со зборовите „се гледаме во јануари“.

Да потсетиме, владата на Викторија (австралиската држава во која се наоѓа Мелбурн), предводена од премиерот Даниел Ендрјус, упорно инсистира на тоа дека сите професионални спортисти мора да се вакцинираат доколку сакаат да влезат во земјата.

Затоа многу тенисери, пред се Новак Ѓоковиќ, чекаат да го видат развојот на ситуацијата.

Сепак, тоа не го спречи АТП да го поздрави Медведев на Твитер со порака „Шампион на Австралија Опен 2022?“.

Што мислеле со ова не е баш најјасно и може да се погоди. Или се сигурни дека Новак нема да може да игра или сметаат дека Медведев ќе слави на турнирот, без разлика дали Новак ќе игра или не.

Во секој случај, покажаа вистински недостаток на почит кон најдобриот светски тенисер и најдобриот играч во историјата на овој турнир.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!