Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина ги подигна борбените авиони над Тајван, американски фукнционери во посета на островот (видео)

Кинеската армија соопшти дека извршила воена вежба во областа на Тајванското Море, откако кинеското Министерство за одбрана претходно ја осуди посетата на делегацијата на американскиот Конгрес на Тајван.

Вежбите во областа на Тајванското Море се неопходна мерка за зачувување на националниот суверенитет, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека патролата за воена готовност била охрабрена од сериозно неточни зборови и постапки на релевантните држави во врска со прашањето за Тајван и постапките на оние кои се залагаат за независност на островот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека Кина ја смета посетата на американската делегација на Тајван за сериозно кршење на американските обврзувања дека нема да има формални односи со Тајван, остров за кој Кина се залага да биде под нејзина теритoрија и одговорност.

Сите ризични и провокативни акции против повторното обединување на Кина се како мравка која се обидува да исече огромно дрво и тие се осудени на неуспех, изјави Ванг.

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека шест кинески воени авиони влегле во нејзината југозападна зона за воздушна одбрана, вклучувајќи четири борбени авиони Ј-16 и два авиони за набљудување.

Неколку тајвански медиуми објавија дека неименувани членови на Претставничкиот дом и Сенатот на САД пристигнале во Тајпеј со американски воен авион.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!