Вие имате прво да ја знаете вистината

Падна цената на рускиот гас, Гаспром ќе ја исполни наредбата од Путин!

Цената на гасот во Европа денеска падна под 800 долари за 1.000 кубни по метри. А причините за тоа се испораките од овој енергенс од Русија во Европа, покажуваат податоците на Лондонската берза.

Цената за испораки во декември од центарот во Холандија сега е 791,6 долари за 1.000 кубни по метри.

Утринава количината на транспортиран гас преку гасоводот Јамал-Европа е зголемена за близу 25 отсто во однос на претходниот ден. Дополнително, компанијата Гаспром за денеска најави максимална испорака на гас во транзит низ Украина од 109,3 милиони кубни по метар, како што е и дефинирано во договорот.

Претходно Газпром објави дека го усвоил и почнал да го спроведува планот за транспорт на гас во пет европски подземни складишта во ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Гаспром да ги зголеми испораките до подземните складишта на оваа компанија во Европа по завршувањето со пунењето на гас во магацините во Русија на 8 ноември.

Директорот на Гаспром, Алексеј Милер изјави дека компанијата ќе ја исполни наредбата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!