Вие имате прво да ја знаете вистината

Роберт Левандовски со остри критики за темпото во фудбалот: Ние сме луѓе, не сме машини

Во пресрет на натпреварите на Полската репрезентација против Андора и Унгарија во рамки на квалификациите за Светското првенство во фудбал во Катар 2022 година, за време на прес-конференција Роберт Левандовски даде изјава со која упати критики кон распоредот на натпреварите, како во лигите така и на репрезентативен план.

Полјакот уште еднаш го привлече вниманието со изјавата во која укажува на честите повреди на играчите и на тоа што не очекува во иднина кога е овој спорт во прашање.

Многу е тешко денеска на секои три дена да се игра на високо ниво. Ние сме луѓе, а не машини. Мислам дека новите генерации фудбалери ќе се мачат да се навикнат и така да функционираат. Ќе видиме многу падови во формата, а играчите нема да бидат постојано добри бидејќи ќе има многу повреди. Кога ќе се опорават, ќе им биде многу потешко да се вратат во форма и да го задржат фокусот поради голем број нови надворешни влијанија, изјави Левандовски.

Напаѓачот на Баерн досега за својата репрезентација има одиграни 127 натпревари и има постигнато 72 гола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!