Вие имате прво да ја знаете вистината

Средба помеѓу Бајден и Путин на почетокот на следната година: За што ќе разговараат!?

Постои голема можност американскиот претседател, Џо Бајден, и рускиот претседател, Владимир Путин, лично да остварат средба и разговори на почетокот на следната година, но постои и можност и да разговараат преку видео врска до крајот на оваа година.

Рускиот весник Комерсант, пишува дека двете страни се уште не се договориле за деталите од новата рунда разговори, но дека прелиминарниот план е до крајот на годината да се одржи видео конференција, а потоа и директна средба на почетокот на следната година.

Бајден и Путин се сретнаа во јуни во Женева, весникот наведува дека двајцата лидери ќе разговараат за низа договори постигнати за време на самитот во Женева.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека не е договорена фиксна временска рамка за нова рунда преговори, но дека Москва и Вашингтон се согласиле дека е потребна средба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!