Вие имате прво да ја знаете вистината

Српската полиција во шок: исчезнаа тројца боксери во Белград, ни трага на глас од нив

Во Белград од 24-ти октомври до 6-ти ноември се одржа Светско првенство во бокс, а за време првенството, тројца боксери од Конго исчезнаа од кампот во главниот град, Белград.

Информацијата ја потврди и Боксерската асоцијација на Конго, која нагласи дека тие се водат за исчезнати од 9-ти ноември, а за се е информирана и Светската боксерска асоцијација (АИБА).


Станува збор за Луната Нкоси, Кајала Енгулу и Мпембеле Нзола. Тие тројцата се пријавени дека се во бегство, така е и наведено во соопштението, како и дека за се е известена српската полиција која трага по нив, пишува агенцијата Анадолија.

Делегација на боксерската репрезентација на Конго требаше да се врати во својата престолнина Киншаса во неделата, но тие го пропуштија летот поради протоколите за Ковид-19 и доцнењето на тестовите за коронавирусот, па се беше преместено за во вторник. Тогаш треба да тргнат преку Истанбул на пат кон Киншаса.

Инаку, сите пет боксери од Конго не ги забележаа значителни резултати, не добија ниту една борба за медали, а Нкоси, Енгулу и Нзола наводно решиле да побараат азил некаде во странство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!