Вие имате прво да ја знаете вистината

Тест со крекери: ви требаат само 30 секунди за да дознаете колку шеќери можете да внесете во еден ден, а да не се здебелите!

Според Националниот институт за здравје на САД, просечно во еден ден, секој треба да внесува одредена количина на јаглехидрати, кои ги обезбедуваат нутритивните потреби на телото, а количината е 130 грама или 500 kcal. Со други зборови, за да останеме во добра форма, не треба да ја надминуваме оваа бројка.

Кога сакаме да ослабеме, најчесто прво нешто што треба да елиминираме од исхраната се јаглехидратите, бидејќи „тие се најмногу не здебелуваат“. Но дали е тоа вистина ?

Факт е дека непријател број еден за идеалната фигура на телото е шеќерот. Во денешно време го има насекаде, вклучително и во преработената храна, во која според правило, не треба да има шеќер.

Со децении слушаме дека за идеална фигура прв потег треба да биде исфрлањето на тестото, оризот, лебот и сличните намирници од исхраната.

Сепак, според др. Шерон Моалем, генетичар од Канада, кажува дека тоа не мора да е точно.

Има луѓе кои навистина можат да јадат јаглехидрати во поголеми количини без последици во вид на вишок килограми бидејќи нивното тело побрзо ги обработува и ги претвора во енергија.

Др. Моалем кажува и дека постои едноставен трик со кој се открива дали сте во таа мала група на среќници.

ТЕСТ СО КРЕКЕРИ


Како што објаснува таа, овој тест покажува колку јаглехидрати можете да изедете без последици.

Принципот е едноставен – џвакајте го крекерот додека не го промени вкусот од солен бисквит во сладок вкус. Ако вкусот се промени за помалку од 30 секунди, вашето тело веројатно ги обработува јаглехидратите многу брзо и многу ефикасно.

Од друга страна, ако крекерот не го промени вкусот и по 30 секунди, тоа значи дека вашето тело не е најефикасно во преработката на јаглехидратите и дека најдобро е да се држите настрана од нив.

Ако забележите сладок вкус во првите 14 секунди, тогаш вашето тело многу ефикасно ги разградува јаглехидратите и можете да си дозволите да внесувате околу 250 грама јаглени хидрати дневно, што би било околу четири парчиња леб.

Ако ви требаат 15 до 30 секунди за да забележите промена во вкусот, дозволени ви се околу 175 грама јаглени хидрати дневно, а ако ви требаат повеќе од 30 секунди, намалете ги јаглехидратите – максимумот што можете да си го дозволите е 125 грама (три парчиња леб).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!