Вие имате прво да ја знаете вистината

Тој е тешкаш во европската политика, а по брегзитот Холандија е дел на новата голема тројка на ЕУ, што донесе Марк Руте во Скопје

Во вечерашното интервју на ТВ 21 претседателот на државата, Стево Пендаровски ја оцени Холандија како дел од новата голема тројка на Европската Унија. Што ќе рече дека Холандија, а не Италија, Шпанија или Полска, го зазема местото на Велика Британијан која после брегзитот ја напушти ЕУ.

Вечерва холандскиот премиер, Марк Руте допатува во дводневна посета на Скопје, каде имаше средба со македонскиот премиер Зоран Заев и работна вечера со претседеателот на државата, Стево Пендаровски.

Од извори кои се запознати со работите стигнаа информации дека Руте ги убедувал домаќините дека треба да се очекуваат позитивнио вести на самиотот на ЕУ на 15 декември и дека на Бугарија нема да и биде дозволено да прави што сака.

Руте е тешкаш во европската политика. На функцијата премиер во Холандија се наоѓа од 2010 година или цели 11 години. Блискоста на кралските семејства во Холандија и Велика Британија биле причина британската дипломатија секогаш со помош на Холандија да ја спроведува својата политика. Во рамки на НАТО преку Норвешка, а во рамки на ЕУ преку Холандија и делумно преку Данска.

Сега се поставува прашањето дали Марк Руте може да ја игра рољата на екс британскиот премиер Тони Блер, кој на самиотот на ЕУ во Брисел, на 17 декември 2005 година притискаше и успеа да избоксира кандидатски статус за Македонија.

Ако Лондон и Велика Британија се седиште на големите масонски ложи тогаш Холандија е седиште на Билдерберг групата која се смета за исклучително моќна во креирањето на светската политика. Затоа и не чуди фактот дека по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, голем дел од компаниите го префрлија своето седиште токму во Холандија.

Во секој случај Руте е тешкаш во рамки на ЕУ и лидер во групата на либерали и демократи во рамки на ЕУ ( ке видиме како ќе се однесува нивната сестринска партија ЛДП и Горан Милевски ) и неговата посета на Скопје се случува во исклучително динамичен период на македонската политичка сцена која по локалните избори е во фаза на силно ферментирање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!