Вие имате прво да ја знаете вистината

Вистински хаос на границата помеѓу Белорусија и Полска, мигрантите ја бутнаа оградата, премиерот на Полска го обвинува Путин за ситуацијата (видео)

Две поголеми групи мигранти наводно успеале да ја пробијат оградата на границата помеѓу Белорусија и Полска.

Неколку десетици луѓе успеале да урнат ограда во близина на селата Кринки и Бјаловиеза и да ја преминат границата, јави полската агенција ПАП, повикувајќи се на локалната радио станица Бјалисток.

Станицата ги цитира зборовите на портпаролот на граничните сили, кој изјавил дека и во двата случаи оградите на границата биле насилно урнати.

Некои мигранти беа однесени во Белорусија, додека други успеаја да избегаат, додадел портпаролот.

На видеата се гледаат толпи луѓе на белоруската страна на границата со Полска, каде што е поставена бодликава жица. Некои од нив се обидуваат да се пробијат на другата страна користејќи алати за сечење жица, стебла или со заедничка сила, додека од друга страна полските стражари се чини дека користат солзавец за да ги попречат во нивните обиди.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад мигрантската криза на полско-белоруската граница.

На вонредната седница на парламентот веднаш по посетата на армијата на границата, Моравиецки изјави дека кризата е оркестрирана од белорускиот претседател и близок соработник на Путин, Александар Лукашенко, но дека е дизајнирана во Москва.

Овој напад на Лукашенко е дизајниран во Москва, а мозокот на операцијата е претседателот Путин, изјави Моравјецки.

Многу мигранти се млади луѓе, но помеѓу нив има и жени и деца, претежно од Блискиот Исток и Азија. Тие се сместени во шатори во Белорусија, сместени помеѓу полските стражари од едната и белоруските стражари од другата страна.

Ноќните температури паднаа под нулата, а неколку луѓе починаа од студ во последните недели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!