Вие имате прво да ја знаете вистината

Зачекорите во домот на новинарот Миломир Мариќ: живее како потстанар кај неговата сопруга (фото)

Новинарот Миломир Мариќ, и неговата сопруга, писателката Весна Радусиновиќ, се во брак повеќе од дваесет и пет години. Тие живеат во стан под кирија во строгиот центар на Белград, а Весна неколку пати на социјалната мрежа Инстаграм споделувала фотографии од нивната љубовна оаза.

Во нивниот дом преовладува стилски мебел и има пријатна атмосфера, со оглед на тоа што сопругата на Мариќ просторот го украсува со цвеќиња.

https://www.instagram.com/p/CCN83IjpVwi/?utm_source=ig_web_copy_link

Има и еден навистина специфичен детаљ – слика на Коста Бунушевац, на која е прикажана Весна како го држи својот син Ведран во раце.

https://www.instagram.com/p/CBF9cn5pthR/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, Мариќ своевремено има објаснето зошто живее кај својата сопруга. Според неговите зборови, за тоа е „виновна“ неговата големата и богата библиотека, која е исполнета со ретки и стари книги, како и неговата колекција од фотографии.

https://www.instagram.com/p/B-jHimQJTn0/?utm_source=ig_web_copy_link
Мојата сопруга се жали дека во станот каде што се книгите и сликите нема место за неа и нејзиниот син. И јас живеам како потстанар со сопругата. Ветувам дека ќе ги подарам тие книги. А за сликите веќе имам уредено подрум. Мојата сопруга нема причина да биде љубоморна на другите жени, туку само на книгите. Кога ме гледа како читам нешто, како да ме фатила со убава жена. Решив да читам стари книги. Не читам книга која не е стара барем 200-300 години – изјави Мариќ во едно негово интервју.
https://www.instagram.com/p/CVVTNPjM25C/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, Мариќ еднаш откри дека инспирацијата за својата библиотека ја добил при посетата на италијанскиот писател Умберто Еко, каде што отишол со колега, додека работел во весникот Дуга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!