Вие имате прво да ја знаете вистината

Американската армија го тестираше своето ново оружје: Хеклер и Кох направиле одлична пушка (видео)

Тимот 27 од пешадиска бригада на американската армија, го тестираше својот нов изум т.е. нова пушка со долг дострел М110-А1 со калибар од 7,62 mm, која ја произведува германската компанија Hekler & Koh.

Околу триесет војници стационирани во Њујорк и Масачусетс учествуваа на дводневна проба, каде најпрвин тие научија како да ракуваат со тоа оружје, а потоа ја вежбаа и употребната сила на истото.

Учесниците вежбаа расклопување, склопување и користење на оружјето, како и ефектот на ветерот и височината на истрелот но и долгиот дострел. Потоа, беа испукани и пробни истрели на полигонот за снајперисти Fort Dram.

Оваа пушка е развиена се со цел да се премости јазот помеѓу стандардната пушка за стрелиште и снајперската пушка, изјави Дејвид Бисли, специјалист за обука на американската армија, во соопштението за јавноста.

Оружјето е опремено со оптика Sig Sauer Tango 6 и пригушувач, а може ефективно да погодува цели на оддалеченост од 300 метри.

Бисли објасни дека на армијата и е потребно оружје со дострел од 300 до 600 метри со цел да се намали зависноста од снајперисти кога станува збор за истрели од далечина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!