Вие имате прво да ја знаете вистината

Една од најубавите манекенки во светот јавно проговори за своето ментално здравје, рони солзи секој ден (фото)

Познатата и убава манекенка, Бела Хадид проговори за своето ментално здравје во нејзината Инстаграм објава, пишувајќи дека во последните неколку години плаче речиси секој ден, а објави и неколку фотографии на кои таа е расплакана.

Таа ги потсети своите следбеници дека социјалните мрежи не се вистински живот и ги повика сите кои се соочуваат со слични проблеми да запомнат дека не се сами. Бела и претходно јавно има зборувано за борбата со тешката депресија и анксиозност со кои се бори уште од тинејџерските години.

Таа напиша дека е охрабрена од објавувањето на видеото на пејачката Вилоу Смит, која зборува за несигурност и вознемиреност, додавајќи дека токму зборовите на пејачката и помогнале да се чувствува помалку осамена.

Социјалните мрежи не се реални. Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами. Значи, ви кажувам, не сте сами. Те сакам, те гледам и слушам што зборуваш – напиша во објавата манекенката.

Бела истакна дека менталното здравје и рамнотежата во телото не се линеарни и ги спореди со тобоганот. Таа сподели неколку совети со обожавателите кои се борат со слични психички проблеми.

Сакам да знаете дека на крајот од тунелот секогаш има светло, а тобоганот целосно застанува во еден момент. Ќе биде подобро – напиша во објавата една од најубавите девојки во светот.

https://www.instagram.com/p/CSkoqkBtzGT/?utm_source=ig_web_copy_link

Бела исто така напиша и дека досега неколку пати се соочила со слични проблеми и дека знае дека е можно да се научи да се справуваш со болката ако работиш на себе и ако потрошиш доволно време обидувајќи се да откриеш кои се предизвиците и траумите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!