Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак Ѓоковиќ: Ми се допаѓа филозофијата на Златан Ибрахимовиќ!

Новак Ѓоковиќ по триумфот во Париз, следната недела ќе игра на финалето на АТП турнирите во Торино.

Најдобриот тенисер во светот, сигурно ќе биде прв фаворит за титулата, а во пресрет на заминувањето во Италија тој даде интервју за Gazeta delo Sport, во кое тој се осврна и на двата негови тешки порази оваа сезона, во Токио на Олимписките игри и на УС Опен турнирот.

Поразот не го доживувам само како разочарувачка емоција, туку и како можност за ментален раст и зајакнување на карактерот, можност да се извлечам како личност од потешката ситуација и да станам уште подобар играч во иднина. Дефинитивно ми беше тешко. Нашиот ум ја носи важноста што ја имаат физичките и техничките аспекти на играта. Мора да бидете способни да разберете како да управувате со негативната енергија на најпродуктивен начин, истакна Новак во интервјуто.

Ѓоковиќ отсекогаш имал голем број на фанови во Италија, а на тоа се надева и во Торино.

Ова е можност да се вратам во градот во кој што бев само еднаш, на 15 години, кога играв на јуниорскиот турнир. Ќе се обидам да уживам што можам повеќе. Среќен сум што се игра финалето на АТП во Италија, каде што секогаш забележувам голема страст за тенисот но таму имам и многу посебен однос со навивачите. Се разбира, можам да кажам дека имав голем успех во Лондон во последните 11 години, но одлично е за промоцијата на нашиот спорт финалето да може да се игра во друга земја која го сака тенисот, додаде Ѓоковиќ.

Еден од неговите пријатели, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ исто така игра во Италија.

Ми се допаѓа неговата филозофија, кога вели: колку стареам, толку се чувствувам помлад. Тој е навистина симбол на балканскиот менталитет, никогаш да не се откажуваш и големата самодоверба, заклучи најдобриот светски тенисер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!