Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин и Лукашенко се во постојан контакт: Русија тврди дека нема (никаква) врска со мигрантската криза

Русија нема никаква врска со ситуацијата со мигрантите на белоруско-полската граница, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија, како и сите други земји, се обидува да вложи напори да ја реши оваа ситуација. Претседателот Владимир Путин е во постојан контакт со белорускиот колега – додаде Песков, потсетувајќи дека вчера рускиот претседател телефонски разговарал за тоа со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.

Според него, зголемувањето на тензиите на границата помеѓу Белорусија и Полска, каде има вооружени луѓе од двете страни, односно армијата, сега веројатно е предмет на најдлабоката загриженост на сите разумни луѓе во Европа.

Што е најважно, тоа се неколку илјади целосно незаштитени луѓе кои бараат да им биде дозволено да влезат на територијата на ЕУ преку Полска, луѓе на кои Полска им го ускратува тоа право. Луѓето не го разбираат тоа одбивање, бидејќи Европската унија правеше такви преседани. Исто така, тие луѓе не сакаат да останат на територијата на Белорусија – додаде портпаролот на Кремљ.

Песков ја критикуваше и веста за можни санкции против руската авиокомпанија Аерофлот.

Да сметаме на тоа дека вакви луди идеи постојат само во дезинформации. Веќе го видовме соопштението на компанијата дека не обезбедиле и не обезбедуваат превоз на мигранти до Минск, дека не учествуваат во тоа. Дополнително, дури и некои компании да го направат тоа, тоа на ниту еден начин не е во спротивност со никакви меѓународни правила – изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно агенцијата Блумберг објави дека Европската унија размислува за воведување санкции за авиокомпаниите, помеѓу кои и Аерофлот и Туркиш ерлајнс, поради ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!