Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите ќе го бранат Крим: Ниту една провокација во Црното Море нема да помине неказнето!

Русија е подготвена да ги неутрализира сите провокации во регионот на Црното Море, изјави сенаторката од Крим, Олга Ковитиди.

Подготвени сме да одговориме на сите провокации и подготвени сме истите да ги неутрализираме. На Крим е распоредена голема борбена група, копнени трупи како и сили на Црноморската флота, која може да им пружи отпор на вооружените сили и на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници – истакна Ковитиди.

Според неа, Русија е многу свесна дека зголемената воена активност на САД и нивните сојузници во Црното Море е сериозен дестабилизирачки фактор во регионот на Црното Море.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Црното Море се забележува зголемена воена активност на САД и нивните сојузници од НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!