Вие имате прво да ја знаете вистината

Шокантна слика од болница: Бергузар Корел или позната како Шехерезада ја вознемири јавноста, дали е добро малата Лејла? (фото)

Минатата недела се славеше на Босфорот. Бергузар Корел, или кај нас попознатата како Шехерезада, го роди своето трето дете, овој пат девојче кое, како што одлучија нејзините родители минатото лето, ќе се вика Лејла.

Една од најпопуларните турски актерки името го избрала за време на претходната бременост, кога била сигурна дека ќе роди ќерка. Бидејќи до породувањето не сакала да го знае полот на детето, била изненадена кога сфатила дека ќе мора да бара друго решение. Потоа добила уште еден син Хан, а Лејла пристигнала по третиот обид.

По породувањето Бергузар од болница сподели фотографија која ја вознемири јавноста. Обожавателите беа преплашени дека нешто не и се случило на малата Лејла.

https://www.instagram.com/p/CWAs41UAJO_/?utm_source=ig_web_copy_link

Како да истрчав долг и напорен маратон… Малку сум уморна, малку загрижена, многу збунета и многу среќна. Фала Богу, и Лејла и јас сме во добро здравје. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивните добри желби, молитви и пораки. Ни даде сила. Ти благодарам за животот. За сите – напиша емотивната, убава Шехерезада.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!