Вие имате прво да ја знаете вистината

Легендата на Ливерпул седна на клупата на поранешниот европски шампион, дали навивачите ќе му го простат “предавството”!?

Легендарниот англиски фудбалер и тренер, Стивен Џерард ја презеде клупата на Астон Вила.

Клубот од Бирмингем го потврди ангажманот на Џерард, кој минатата сезона со екипата на Глазгов Ренџерс ја освои титулата во Шкотската лига без загубен натпревар.

Астон Вила е клуб со богата историја и традиција во англискиот фудбал и јас сум неизмерно горд што сум негов нов тренер. Во разговорите со управата на клубот видов колку се нивните планови амбициозни и со нетрпение очекувам да им помогнам да ги постигнат своите цели – изјави Џерард за официјалната клупска веб-страница, и дополнително се заблагодари на Ренџерс за дадената можност:

Би сакал да изразам искрена благодарност до сите кои се поврзани со Глазгов Ренџерс, кој ми даде можност да водам ваков култен фудбалски клуб. Да им помогнам да ја обезбедат рекордната 55-та шампионска титула, секогаш ќе има посебно место во моето срце. Би сакал на играчите и навивачите да им посакам се најдобро во иднина – истакна Џерард.

Џерард го наследи Дин Смит во Астон Вила, кој го напушти клубот на 16. место и со освоени 10 бодови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!