Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ: Сакаме да бидеме косопственици на нуклеарна централа, подготвени сме да платиме добра цена за тоа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека пред шест дена разговарал со претседателот на Унгарија, Виктор Орбан, за отпочнување на соработка со нивната нуклеарна централа.

Ние кажавме дека нашата желба е да бидеме косопственици со 15 отсто од нивната нуклеарна централа. Подготвени сме да платиме добра цена за тоа, изјави денеска Вучиќ, додавајќи дека, тие разговори допрва почнуваат.

Тоа треба да биде завршено до 2035 година, сите блокови, па ќе видиме. Имав првични разговори и со Бојко Борисов претходно, треба да видиме. Тоа е најбезбедната опција за нас, добивме многу различни понуди, но треба да размислиме со кого да разговараме за овие модуларни нуклеарни централи. Индијците веќе имаат 14, Канада гради, Франција гради, Америка гради, Русите исто така, но Русите се поскапи. Ние треба сами да видиме што ќе правиме во годините што доаѓаат, изјави претседателот на Србија.

Тој нагласи дека ова не е едноставно прашање.

Не можеме да донесеме избрзана одлука, мора да ги направиме сите потребни анализи, посочи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!