Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија со брутални мерки против невакцинираните! Станува збор за 3,1 милиони жители

Австрија наскоро планира да воведе нови строги мерки за борба против ковид-19, кои директно ќе важат само за невакцинираните жители на државата. Невакцинираните жители би можеле да завршат под строг клуч и дома за неколку дена, а судејќи според сегашните бројки станува збор за околу 3,1 милиони жители.

Имено, новиот австриски канцелар, Александар Шаленберг изјави дека бројот на вакцинирани во земјата е срамно низок и дека мора итно да се преземе нешто на тој план.

Не гледам зошто вакцинираните би ја изгубиле својата слобода само затоа што третина одбиваат да бидат вакцинирани, додаде тој.

Да потсетиме, Австрија во септември годинава усвои нов план врз основа на кој мерките се зајакнуваат во зависност од тоа колку кревети се пополнети во одделенијата за интензивна нега во ковид центрите низ државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!