Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден загрижен за моменталната ситуација на границите помеѓу Белорусија и Полска!

Американскиот претседател, Џо Бајден изјави дека е загрижен за моменталната ситуацијата во Белорусија, која се соочува со обвинувања дека ги охрабрува мигрантите да преминат во Полска и Литванија од нивна територија.

Сметаме дека тоа е причина за голема загриженост. Ја пренесовме и изразивме нашата загриженост до Русија и Белорусија. Сметаме дека тоа е проблем – изјави Бајден на новинарите пред да замине од Белата куќа за претседателската резиденција во Кемп Дејвид.

Мигрантите, претежно од Ирак и Авганистан, се на студено време помеѓу границата со Белорусија и две членки на ЕУ – Полска и Литванија. Помеѓу нив веќе има и починати, а стравот за безбедноста на другите расте како што се наближува зимата.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, претходно изрази слична загриженост за време на посетата на Франција, каде што изјави дека разговарала за ова прашање и со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Белорусија презема многу проблематични активности, изјави Харис, додавајќи дека очите на светот и светските лидери се насочени кон она што се случува таму.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!