Вие имате прво да ја знаете вистината

Бритни Спирс по 13 години конечно слободна: ова е најдобриот ден во мојот живот!

Врховниот суд во Лос Анџелес по 13 години го прекина старателството на Бритни Спирс.

Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени, донесе одлука во корист на барањето на пејачката да го прекине старателството, на што не се спротивстави ниту една од инволвираните страни.

Спирс го опиша раскинувањето на правниот аранжман кој контролираше многу аспекти од нејзиниот живот цели 13 години како најдобриот ден досега.

Мислам дека ќе заплачам, напиша таа на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CWJcBGCh_EN/?utm_source=ig_web_copy_link

Нејзините обожаватели се собраа пред судот во Лос Анџелес за да ја поддржат Спирс, кој старателството го опиша како навредливо.

Нејзиниот татко претходно изјави дека тоа е неопходно, но се согласи дека е време таа повторно да ја преземе контролата врз својот живот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!