Вие имате прво да ја знаете вистината

Дијана Хркаловиќ има корона! Таа била префрлена на лекување во затворската болница бидејќи состојбата и се влошила

Дарко Елез , кој беше осуден на 15 години затвор во БиХ врз основа на признанија, може да реши најмалку четири убиства што се случија во Србија, доколку одлучи да сведочи.

Од неговата изјава би можела да зависи натамошната судбина на поранешната државна секретарка во МВР на Србија, Дијана Хркаловиќ.

Оперативните информации говорат дека таа била вмешана во убиството на адвокатот Драгослав Мишо Огњановиќ, поради што тогаш наводно се обратила кон Елез, пишуваат медиумите. Зора Добричанин , адвокатка, за Ново Викенд утро изјави дека организаторот на криминалната група не може да биде заштитен сведок.

Не ми е јасно како некој што можеби бил вмешан во такво убиство беше екстрадиран во Босна. Организаторот на криминална група, според законот, не може да биде заштитен сведок. Во медиумите читаме дека е организатор на криминална група – изјави Добричанин.

Жарко Поповиќ Поп, поранешен началник на одделението за крвни деликти, потврдува дека Елез не може да има статус на заштитен сведок, но дека работите се менуваат доколку Елез има силни докази.

Самиот тој, не може да има статус на заштитен сведок, но ако го погубил Мишо Огњановиќ во договор со Хркаловиќ, тогаш може да биде соработник сведок. За тоа ќе одлучи Обвинителството. Мора со соодветни докази да потврди дека тоа го направил за Хркаловиќ. Значи, неговите убијци кои работат за него можат да бидат заштитени сведоци. Елез има криминална група во Босна и Херцеговина и тие организираа многу убиства – рече Поповиќ.

Новинарот Младен Радуловиќ во програмата на ТВ Пинк ги изнесе и најновите информации за здравствената состојба на Дијана Хркаловиќ, која е позитивна на коронавирус. Тој вели дека Хркаловиќ била префрлена во затворската болница, како и дека претходно имала други здравствени проблеми.

Ги имаме последните информации дека е во тешка здравствена состојба и дека е заразена со коронавирус. И претходно имаше некои проблеми, беше префрлена во затворската болница, бидејќи состојбата наеднаш и се влоши – изјави Радуловиќ во Ново викенд утро.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!