Вие имате прво да ја знаете вистината

Експертите откриваат: Еве што се случува 30 секунди пред смртта

Во тој момент човекот навистина размислува за својот живот и некои негови спомени, и во тој момент му се чини како животот да му лета пред очи.

Ништо во животот не се мора, освен да умреш, е стара поговорка која ја слушаме од мали нозе. А наскоро во животот сфаќаме дека е повеќе од вистина. Смртта е неизбежна и затоа се трудиме да не размислуваме за неа често.

Но, дали знаеме што се случува непосредно пред човечката смрт и дали тој момент може некако да го препознаеме ?

Еден од експертите има изјавено дека „смртниот шок“ е знак за сигурна смрт што некого го чека во следните 23 часа, пишува Њујорк пост.

Овој феномен се јавува во време кога едно лице не може да голта и јаде. Човек кој е блиску до смртта ќе дише поинаку, а тој уникатен звук е дел од тој феномен, кажува др. Даниел Марел, од Американскиот универзитет во Алабама. Иако звукот е страшен, лекарите уверуваат дека личноста не чувствува никаква болка во тој момент. Во такви случаи, медицинскиот персонал може да му помогне само да ја ублажи болката на пациентот со тоа што ќе го сврти на страна за да му ги исчисти дишните патишта. Други знаци кои укажуваат на брза смрт се: збунетост, често прозевање за да се добие повеќе кислород, губење на свеста и колабирање, инконтиненција, промена на мирисот на телото, анксиозност, темни модринки, лупење на кожата.

Минатата година неврологот Др. Камерон Шо откри што се случува 30 секунди пред некој да умре. Тој вели дека во првите 10 до 20 секунди го губиме чувството за себе, ја губиме смислата за хумор, способноста за размислување. Тој тврди дека навистина има светлина на крајот од тунелот, но тоа не мора да значи дека има живот после смртта.

Знаеме дека оваа појава се јавува во моментот кога мозокот повеќе не прима кислород – нагласи тој. Во тој момент човекот навистина ќе размисли за својот живот и некои спомени и ќе му се чини како животот да му лета пред очи. И сите вонтелесни искуства не се реални, тоа е само трик на нашиот мозок, нагласува др Шо.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!