Вие имате прво да ја знаете вистината

Еве како да го направите највкусниот болоњезе сос: тајната е во две состојки (рецепт/видео)

Тестенините се едно од омилените јадења на многумина луѓе, а едно од најпопуларните секако е болоњезето, сосот направен за нив е еден од највкусните. Со неколку дополнителни состојки, како што се грашок и печурки, ќе го добиете вашиот нов омилен сос.

Состојки :

  • 320 гр тестенини
  • 1 чешне лук
  • 300 гр печурки
  • 300 гр мелено месо
  • 200 гр конзервиран или замрзнат грашок
  • 300 мл сок од домати

Подготовка :

Сварете ги добро макароните и пропржете го меленото месо а потоа додадете ги сечканите печурки и лукот. Сето тоа измешајте го, а потоа додадете грашок и сок од домати. Гответе околу 10 минути, а потоа додадете ги сварените тестенини и оставете да се зготват уште пет минути на шпоретот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!