Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија ја вклучува армијата во борбата против короната: Ќе бидат мобилизирани 12.000 војници! Меркел предупреди, доаѓаат тешки недели

Германската армија се подготвува да мобилизира 12.000 војници до Божиќ за да им помогне на здравствените услуги кои се „преоптоварени“ поради зголемувањето на бројот на заболени од Ковид, а исто така ќе обезбеди засилувачки вакцини и тестови во домовите за стари лица и болниците, објави Шпигел, пренесува Ројтерс.

Според Шпигел, досега се распоредени 630 војници, а оттаму истакнуваат дека Армијата не била достапна за коментар.

Претходно денеска канцеларката Ангела Меркел ги повика невакцинираните германски граѓани да ја преиспитаат својата одлука и нагласи дека нејзиното барање е итно, бидејќи во текот на неделата е забележан најголем пораст на бројот на заразени коронки со вирусот од избувнувањето на пандемијата.

„Ни претстојат тешки недели и можете да видите дека сум многу загрижена“, рече Меркел во видео пораката, пренесе Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека Сојузната влада и лидерите на 16 германски сојузни покраини треба да се состанат следната недела за да разговараат за заострување на мерките, иако трите партии кои преговараат за формирање нова влада се договорија вонредната состојба да истече на 25 ноември, како што е планирано.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!