Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаосот на граничниот премни помеѓу Полска и Белорусија продолжува: околу 100 мигранти се обидуваат да ја пробијат бодликавата жица

Утринава група од околу 100 мигранти од импровизираниот бегалски камп на белоруската страна на границата со Полска, ја нападна територијата на Полска и сега се во близина на оградата од бодликава жица што ја подигна полската гранична служба на нивната граница.

Во близина на граничниот премин (Брузги-Кузница) има поголема група бегалци. Тие се наоѓаат на полска територија, а бројката е околу 100 мигранти. Се наоѓаат во близина на жичената ограда што ја подигна полската страна – соопшти прес-службата на Државниот граничен комитет на Белорусија.

Европската унија тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да избегаат од конфликтните зони ширум светот и да се обидат да ја преминат границата со земјите од ЕУ. Затоа Брисел му се заканува со санкции на Минск и на авиокомпаниите што превезуваат мигранти низ Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!