Вие имате прво да ја знаете вистината

Хрватска не престанува да се треси: Два земјотреси – еден по друг

Два земјотреси ја погодија Хрватска во петокот вечерта.

ЕМСЦ соопшти дека по 23 часот земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, а 10 минути подоцна се почувствувал уште посилен – 3,5. Епицентарот бил на 14 километри југозападно од Петриња.

За земјотресот се огласија и коментираа и корисниците на социјалните мрежи.

Во Глина работите паѓаа од полиците. Сите повторно бевме надвор, е еден од коментарите.

Очевидците велат дека земјотресот бил „силен, доста силен и долг“, додека жителите на Петриња нагласиле дека „се тресело и татнело пет, шест секунди“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!