Вие имате прво да ја знаете вистината

Окупирана зградата на американската амбасада, има заложничка драма, Стејт департментот потврди

Хутите денес успеаја да влезат во комплексот на американската амбасада, и ги зедоа вработените со потекло од Јемен како заложници. 

Комплексот на американската амбасада во главниот град на Јемен со години не е во функција, барем не од страна на американски дипломати, кои во 2015 година, односно по избивањето на војната, ја префрлија својата дипломатска мисија во Саудиска Арабија.

Локалниот јеменски персонал продолжи да работи во поранешната амбасада во главниот град на Јемен, Сана. Денеска зградата беше преземена од силите на Хутите. Извори од терен кажуваат дека Хутите заплениле и документи од зградата. 

Стејт департментот на САД потврди дека се случил упад во зградата. А за упадот се обвинува милитантната група поддржана од Иран, која администрацијата на Бајден ја отстрани од листата на странски терористички организации веднаш по преземањето на власта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!