Вие имате прво да ја знаете вистината

Имате проблем со функционирањето на Google услугите? Не сте единствени, пад на системот на Google, Gmail, Google Drive…

Корисниците на некои од услугите на Google пријавија дека им е оневозможен пристапот до Gmail, Google Drive и YouTube утрово.

Оние кои сакаат да ги користат популарните услуги на Google добија порака дека немаат пристап до овие услуги и да контактираат со администраторот или организацијата за нивен пристап.

Проблемот ги погоди најпопуларните услуги на Google, како што се Gmail, YouTube и Google Drive, а илјадници корисници пријавија нефункционирање на услугите.

Најголем број на пријави за доаѓаат од Велика Британија, а имало случаеви и од Шпанија и Кенија.

DownDetectorUK, кој ја следи активноста на интернетот, регистрирал повеќе пријави на корисници, додека Google, пак, истакнуваат дека немало исклучување на системите на компанијата.

DownDetector објави дека 68 отсто од корисниците пријавиле проблем со Gmail, додека помалку имале проблеми со серверите или најавувањето.

Последен пат Google се соочи со голем пад беше во 2020 година. Во тоа време, во периодот од шест часа, Gmail, Google Drive, Google Docs и други услуги беа глобално недостапни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!