Вие имате прво да ја знаете вистината

Копија на Мона Лиза стара 400 години, продадена за огромна сума пари, а купена е само за три долари!

Оваа верна копија е стара повеќе од 400 години, а продадена е за по цена од 210.000 евра на аукцијата во Париз.

Оригиналот на Леонардо кој е купен од францускиот крал Франсоа I во 1518 година, е изложен во Лувр и не е на продажба, но оваа верзија, која датира од почетокот на 17ти век, е толку слична на вистинската Мона Лиза, што експертите веруваат дека творецот веројатно имал пристап до портретот на Леонардо.

Оваа копија е позната како Мона Лиза на Екинг, наречена е така по поранешниот сопственик Рејмонд Екинг, трговец со антиквитети , кој почина во 1977 година. Во педесетите години тој ја купил таа слика за само 2,57 евра и добар дел од животот поминал убеден дека се работи за вистинска Мона Лиза.

Таа е совршена илустрација на Мона Лиза. Тоа е сон на сите луѓе со страст за уметност. Рејмонд Хекинг беше нејзин жесток бранител помеѓу историчарите на уметност и светските медиуми од 1960-тите. Таа беше неговата муза, а тој нејзин поет – изјавил Пјер Етјен, директор на аукциската куќа – Старите мајстори која спаѓа под аукциската куќа Кристи.

Наводно, постојат најмалку десет верзии на Мона Лиза, од кои повеќето се насликани од учениците на Леонардо, а ова не е првпат копија да се најде на аукција и да постигне толку висока цена.

Така, во јуни европски колекционер купил една верзија за неверојатни 2,9 милиони евра, што е рекордна сума одвоена за една репродукција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!