Вие имате прво да ја знаете вистината

Масовни протести: Стотици демонстранти излегоа на улиците, полицијата одговори со солзавец и водени топови (видео/фото)

Холандскиот премиер Марк Руте одржа прес-конференција во петокот, на која најави нови ограничувања.

Руте рече дека мерките против епидемијата на коронавирус ќе бидат повторно воведени, особено во угостителскиот сектор, со цел да се намали бројот на заразени лица во земјата.

Супермаркетите и малопродажните места кои не се неопходни ќе бидат затворени порано и повторно ќе се воведат мерки за физичко растојание.

Не се препорачува повеќе од четири посетители да престојуваат во домовите, а работата од дома е пожелна секогаш кога е можно.

Еден од големите спортски настани што ќе се игра без публика е квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Холандија и Норвешка следната недела.

Училиштата остануваат отворени, а излезот од студентските домови е дозволен.

Голем дел од Европа се соочува со зголемување на бројот на новозаразени, што делумно се должи на малиот број вакцинирани во некои земји од ЕУ.

По најавата на премиерот, демонстрантите излегоа на улиците во Хаг, а полицијата почна да ги растерува со водени топови, додека дел од насобраната толпа почна да фрла по нив со камења и петарди.

Според последните податоци, во саботата во Холандија се регистрирани 13.902 нови случаи на инфекција со Ковид 19, што е трета највисока дневна стапка на зараза од почетокот на пандемијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!