Вие имате прво да ја знаете вистината

Мислев дека наскоро ќе почнам да разговарам со ангелите: Силвестер Сталоне за малку ќе го загубеше својот живот на снимањето на познатиот филм Роки!

Познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне (75) кој се прослави во седумдесетите со улогата во филмот Роки, се одлучи после толку години да открие непријатна сцена која се случи на сетот на четвртиот дел, а за малку била избегната голема несреќа, односно можел да го загуби животот.

Тоа беше онаа сцена во која се тој се натпреваруваше со Долфан Лундгрен, а тој ја имаше улогата на Иван Драго.

Прво што снимивме беше моето и неговото влегување во рингот, а потоа почетокот на тепачката. Се здобив со сериозни повреди додека ја снимав тепачката. Тимот итно ме однесе од Канада на одделот за интензивна нега во болница во Калифорнија. – изјави тој во видеото „The Making of Rocky vs. Drago by Sylvester Stallone“  кое го објави на YouTube каналот Sly Stallone Shop.

По хоспитализацијата и соодветната нега, по само четири дена пристигнал повторно на снимање за да ја заврши започнатата сцена.

Тој ме скрши, но јас не чуствував ништо во тој момент, моето срце почна да отекува подоцна таа вечер. Мојот крвен притисок се искачи на 260 и мислев дека наскоро ќе почнам да разговарам со ангелите. Следно на што се сеќавам, е тоа дека бев на итен лет кон Калифорнија на мала височина, изјави актерот.

За потсетување, Силвестер е татко на пет деца, а постариот негов наследник Сејџ кој го доби со неговата поранешна избраничка Саша Чак, почина на 36-годишна возраст.

По распадот на неговиот брак, тој влезе во заедница со данската актерка Бригет Нилсен, но тие се разведоа по само две години.

Иако тој мислеше дека нема среќа на емотивен план, се појави Џенифер Флавин, со која во бракот добија три ќерки, Систин, Софија и Скарлет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!