Вие имате прво да ја знаете вистината

На поранешниот главен стратег на Доналд Трамп, Стив Банон му се заканува затвор поради непочитување на Конгресот

Поранешниот главен помошник, на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Стив Банон, е обвинет за непочитување на Конгресот, откако одби да сведочи за бунтот што се случи годинава, на 6 јануари во американскиот Капитол.

Тој бил повикан да сведочи за тоа што знаел и колку бил информиран за немирите на тој ден.

Неговите адвокати тврдат дека неговите комуникации со поранешниот претседател биле строго заштитени.

На Банон му се заканува една година затворска казна и парична казна од 100.000 долари.

За потсетување, Комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој ги истражува немирите што се случија во Капитол на 6 јануари годинава, едногласно го поддржа гласањето за презир во случајот со поранешниот главен помошник на Доналд Трамп, поради неговото непочитување на процедурите на Конгресот.

Тој беше повикан да сведочи пред истражната комисија на Конгресот, но тој одби, дали ќе се соочи со казна или не, останува да видиме.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!