Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема повеќе скијање „под гас“: Се воведува алко-тест на патеките за скијање!

Новата одредба која ќе стапи во сила од јануари следната година, предвидува алкотест за сите скијачи, а доколку се утврди дека тргнале по патеката под дејство на алкохол или наркотици, казните се движат од 250 до 1.000 евра.

Вака одлучи еден од најпопуларните италијански ски-центри „Cervino ski paradise“. Од јануари овде ќе биде на сила тестирањето на посетителите за присуство на алкохол во телото.

Во овој ски-центар вообичаено е но и традиционално да се пие оригиналното „Бомбардино“, мешавина од кафе, ракија, жолчка од јајце и шлаг. Скијачите кои вака се загреваат пред да заминат на патеките, наскоро би можеле да бидат во неволја.

Помеѓу новите правила е и дека секој помлад од 18 години мора да има и кацига и полиса за осигурување што ќе ја покрива штетата направена на себе или на другите за време на скијањето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!