Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ искрено пред почетокот на финалниот турнир на АТП во Торино: Битката за најдобар историски резултат ме исцрпи!

Новак Ѓоковиќ е убеден дека ќе продолжи со добрите игри кои ги прикажа на турнирот во Париз и во финалето на АТП турнирот во Торино.

Со освојувањето на титулата во Париз, светскиот број еден рекет покажа дека е во добра форма пред финалето на АТП кое започнува во недела.

Пред почетокот на турнирот, Новак изјави дека верува дека ќе биде на високо и задоволително ниво на крајот од сезоната.

Да, мислам дека сега сум посвеж бидејќи немам одиграно толку турнири како претходните години, но имав неколку исцрпувачки натпревари, особено на Грен слемовите. Кога велам исцрпувачки, не мислам само на физички, туку и на психички и емоционален план, поради притисокот што го имав, да, го постигнам тој историски резлутат. Ме измори многу, па почувствував дека ми треба пауза, да се рехабилитирам, и да се обидам да се подготвам за силен финиш на годината. Одлично ја започнав сезоната на турнири во сала, се надевам дека ќе завршам исто така во добро издание, изјави Ѓоковиќ.

Тој се обиде да одговори зошто не успеал да ја освои титулата на завршниот турнир се од 2015 година.

На крајот на сезоната секогаш доаѓа финалето на АТП. ​​Во првата фаза од мојата кариера тоа беше еден од моите најуспешни турнири, еднаш успеав да го освојам три пати по ред. Да, немам освоено титула на завршниот турнир се од 2015 година, но имав многу финалиња и полуфиналиња. Можеби тоа се должеше на потрошената енергија во текот на сезоната, и немав многу енергија во резервоарот, но исто така, изгубив и некои тесни натпревари. Против Доминик Тим пред неколку години, но и минатата година во тај-брејк во полуфиналето. Се работи за играње на највисоко ниво против најдобрите осум во светот на секој натпревар. Тоа е силен интензитет, силно барање од тебе да бидеш најдобар. Можеше да се случи да немам доволно енергија, така што не можев да играм најдобро на речиси секој натпревар.

Потребни се четири или пет натпревари од вас за да победите на турнирот. Ова е форматот, играње еден на еден, што ви дозволува да изгубите натпревар, понекогаш и двајца за да се пласираат во полуфинале, што го намалува притисокот, но сепак бара многу енергија за триумф. Димитров, Циципас, Зверев, некои од победниците од претходните години, сите таму ги имаат освоено првите титули. Повеќето од нив играа прв или втор пат, беа свежи, мотивирани, немаа што да загубат, за разлика од нас што сме таму долго време. Чувството е поинаку, и тоа може да биде една од причините, додаде Новак.

По 12 години во Лондон, турнирот првпат се игра во Италија, во Торино, а Ѓоковиќ вели дека условите се навистина одлични.

Лондон беше многу успешен во организацијата на финалето на АТП. ​​Се играше повеќе од десет години во О2 арената, една од најспектакуларните арени во светот. Не можеше да биде подобро, салата беше полна на секој натпревар, тоа беше неверојатно место каде се натпреваруваа најдобрите осум на крајот на годината. Јас секогаш се залагав турнирот почесто да се преместува низ светот, бидејќи чувствував дека нема подобра промоција од тоа што најдобрите осум секоја година на крајот ќе играат во различни држави, тоа помага во промовирањето на тенисот и на АТП турнејата, не може да биде подобро од тоа, за патување, за менување градови, но ја разбирам и комерцијалната страна на приказната и зошто бевме толку долго во Лондон.

Сега сме во Торино, земја која го сака спортот. Тенисот се шири во Италија, особено кај тенисерите, во последните години со подемот на Беретини, Синер, Фоњини, кои направија големи чекори. Одлично е да се види возбудата кај луѓето за овој турнир. Одлична атмосфера, сите ги поддржуваат играчите, особено Италијанците. Се надевам дека ќе имаме одличен турнир, салата е прекрасна, организацијата е одлична, сите сакаат годината да заврши на најдобар можен начин, завраши Ѓоковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!