Вие имате прво да ја знаете вистината

Официјално ”излезе” филмот за Ибрахимовиќ – Јас сум Златан (фото/видео)

Филмот за легендата на фудбалот, Златан Ибрахимовиќ – Јас сум Златан, на шведскиот режисер Јенс Сјорген, базиран на автобиографијата на Ибра, шведскиот напаѓач, ја имаше својата премиера на 11-ти ноември и ја раскажува приказната за животот, детството и тинејџерските години на Златан кога и следуваше неговата експлозијата, и започна неговата фудбалска кариера и настани.

Премиерата на филмот во кината ја најави и самиот Ибра, кој на социјалните мрежи објави фотографија односно постерот за филмот, а уште претходно објави и видео клип со детали од филмот.

Ибрахимовиќ во описот на фотографијата напиша: кога ќе излезеш од никаде, треба да се бориш за се, 11-ти ноември е денот, на чекањето му дојде крајот.

Инаку, Гранит Рушити, шведски актер и фудбалер, ќе го игра Ибрахимовиќ од 17 до 23 години, а Златан од периодот кога беше момче ќе го игра младиот актер Доминик Бајрактари Андерсон. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!