Вие имате прво да ја знаете вистината

Орбан пристигна во Турција, имаше важни разговори со Ердоган за иднината на Балканот, се разговараше и за Македонија

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан пристигна во турската престолнина, Анкара за да оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таијп Ердоган , а една од главните теми на разговор беше ситуацијата во Босна и Херцеговина. Орбан изјави дека стабилноста и мирот во Босна се важни и за Унгарија и за Турција.

На заедничката прес-конференција по средбата со Еродан, Орбан изјави дека разговарале на повеќе теми, меѓу кои и за Македонија, а една од темите била и Босна и Херцеговина.

Стабилноста и мирот во Босна се важни за двете страни, Унгарија и Турција, од разбирливи причини – изјави Орбан.

Наведувајќи се дека стабилноста на Балканот може да се постигне само со разговор со луѓето од таму, Орбан истакна дека Унгарија и Турција ќе продолжат да разговараат за стабилноста на Босна и Херцеговина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!