Вие имате прво да ја знаете вистината

Папата се заблагодари на новинарите за откривањето на скандалот со сексуалното злоставување на малолетни деца во црквата

Папата Франциско, денеска им се заблагодари на новинарите за помошта во откривањето на скандалите во кои свештениците сексуално злоставувале деца, кои Римокатоличката црква првично се обиде да ги прикрие.

Папата ја пофали мисијата на новинарите и новинарството и изјави дека е од витално значење новинарите да ги напуштат своите редакции и да откријат што се случува во надворешниот свет за да се потиснат дезинформациите кои често може да се најдат на Интернет.

Ви благодариме што ни кажавте што не е во ред во Црквата, што ни помогнавте да не ја туркаме под креветот вината и за тоа што го издигнавте гласот на жртвите на малтретирање – изјави Папата.

Папата зборуваше на церемонијата во чест на двајца искусни новинари – Филипа Пул од Ројтерс и Валентин Алазраки од мексиканската телевизија Нотисиерос, кои известуваат од Ватикан долги години.

Сексуалните скандали се најдоа на насловните страници и во 2002 година, кога американскиот весник Бостон глоуб објави серија написи за моделот на злоупотреба на малолетници од страна на свештениците и за широко распространетата култура на прикривање на овие дела во Католичката црква.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!