Вие имате прво да ја знаете вистината

По Северна е реалност, сега фашистичкиот окупатор не е бугарски за Мицкоски: “Даскалот” го оперираше “бугарски” како масно ткиво

По “Северна е реалност” сега и фашистичкиот окупатор не е бугарски. Во период од само десетина дена, по победата на локалните избори, раководството и видни членови на ВМРО ДПМНЕ како на норма ги сменија и ги менуваат ставовите со кои во последните четири години ги убедуваа, ги мотивираа и ги вадеа на протести своите симпатизери и своето членство.

Се сеќавате какви реакции имаше во медиумите под контрола на опозицијата за изјатата на Зоран Заев за БТВ, дека тој го избришал зборот бугарски пред фашистички окупатор на споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица.

Имаше Барем десетина ургентни предупредувања од Христијан Мицкоски и Александар Николоски дека се е готово и дека утре во Софија или во Скопје ќе биде извршено велепредавство и продажба на македонските национални интереси.

По онаа средба со Бојко Борисов и со ветувањето на Мицкоски дека “сичко ше поткрепи” партиските ботови беа пуштени на најсилно да ги навредуваат сите кои сметаа дека тоа однесување на Мицкоски кон Борисов е многу навредливо и понижувачко за еден лидер на опозицијата. Па следуваше голем протест минатата година за одбрана на македонските национални позиции во преговорите со Бугарија. И денес ладен туш.

Во својот фејсбук статус со кој го честитра ослободувањето на Скопје, лидерот на ВМРО ДПМНЕ им се заблагодари на “луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата”.

И одеднаш остана само фашистички окупатор? Каде г. Мицкоски изчезна бугарски фашистичи окупатор? Што мака ве натера да заборавите на бугарскиот фашистички окупатор? Спонзорајот на Софија на локалните избори? Помошта на бугарскиот конзул во најава кој ви е главна логистика да останете на чело на партијата. Обврските (финансиски!? ) преземени да победите на локалните избори? Што ќе му кажете сега на Даскалот кога ќе појдете да се поклоните пред неговиот споменик или на негововиот гроб? Од кого се ослободија Скопјани на 13 ноември 1944 година.

Што и да е, откако, како на филмска лента, се изредија и Мицкоски и градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ по изборите да не убедуваат дека Северна е реалност, сега преку ноќ фашистичкиот окупатор веќе не е бугарски.

Еве го целиот пост на Мицкоски каде може да се види што точно напиша:

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/2005073749668074

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!