Вие имате прво да ја знаете вистината

Портпаролот на Кремљ кажа се: Дали Путин разви антитела? Откриено е кога рускиот лидер ќе добие бустер доза

Портпаролот на Кремљ нагласи дека безбедноста и здравјето на претседателот се приоритет, и додаде дека претседател Владимир Путин ќе добие бустер доза на вакцината против ковид-19 кога лекарите ќе ја препорачаат, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Тој изјави дека рускиот претседател, Путин има високо ниво на антитела во телото по примањето на претходните вакцини.

Претседателот во повеќе наврати кажа дека има високо ниво на антитела по примарната вакцинација. Што се однесува до бустер дозата, тоа ќе зависи од препораките на лекарот – напомена Песков.

Песков посочи дека безбедноста и здравјето на претседателот се приоритет на одговорните лица.

Путин ја прими првата доза од вакцината на 23 март, а втората на 14 април. Тој потврди дека се вакцинирал за време на емисијата Директна линија со Владимир Путин во јуни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!