Вие имате прво да ја знаете вистината

Отворен Балкан во Ниш, преставници на македонската, српската и албанската влада разговараат за границите

Иницијативата – Отворен Балкан, овој викенд, продолжува со средби во Ниш, а на средбите воглавно се присутни министри и претставници на владите на нашата држава, Албанија и Србија.

Состанокот на претставниците на владите на Македонија, Албанија и Србија беше отворен вчера со министерски состанок, а во следните два дена ќе се разговара за добивање на нови работни дозволи и олеснувања во трговијата помеѓу овие држави, која ќе овозможат слободен проток на стоки, услуги и луѓе преку овие три држави.

Состанокот го отвори министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кој изјави дека целта на иницијативата Отворен Балкан е сите три држави да работат како една.

Сите имаме иста цел, да ја зголемиме економската соработка, не само помеѓу нашите три држави, туку и сите држави од регионот – изјави министерот, Мали.

Тој посочи дека целта на претставниците на трите влади е во следните два дена да изработат план како да се подобри протокот на стоки, услуги и луѓе, како и да се отстрани сето она што трите економии го гледаат како пречки за развој и напредок.

Мали изјави дека постои политичка волја овие три земји да функционираат како една, да има поголемо усогласување на фитосанитарните процедури, царинските процедури, за да се олесни протокот на стоки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!