Вие имате прво да ја знаете вистината

Пристигна руската зима и предизвика хаос на улиците на Москва (фото, видео)

Во раните утрински часови снег падна во областа на Москва и поширокиот дел на главниот град на Русија.

Првите бели снегулки оваа есен секако се вовед во постудениот период од годината во оваа земја.

Според руските метеоролошки служби, се очекува во петок да наврнат околу 3 сантиметри снежна покривка, а силен ветер ќе доведе до влошување на видливоста во Москва.

Агенцијата РИА јави дека снегот во поширокиот московски округ на места прераснал во снежна бура, а според најавите на метеоролошките служби врнежите од снег треба да престанат во попладневните часови.

„Првите снежни врнежи го зафатија центарот на Москва во петокот.

Видливоста на патиштата нагло е влошена и поради тоа сообраќајот е отежнат.

Сепак, првата снежна покривка оваа есен е типична за овој период од годината и не треба да трае долго“, пренесува агенцијата Интерфакс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!