Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин предупредува: Да се забрза процедурата за проценка на квалитетот на вакцините, ни се закануваат нови видови на коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин, не ја исклучува можноста во светот да се појават нови, поопасни соеви и мутации на коронавирусот, нагласувајќи дека Светската Здравствена Организација би можела да го забрза процесот на препознавањето и пуштањето во употреба на новите вакцини против ковид-19.

Во азиско-пацифичкиот регион и воопшто во целиот свет, сè уште има многу социо-економски и други проблеми за кои веќе зборуваме, а коронавирусот е далеку од исчезнување и пораз. Не е исклучена и појавата на нови и уште поопасни соеви од вирусот – изјави Путин, говорејќи на самитот на форумот за Азиско-пацифичка соработка, кој се одржа во формат на видео конференција.

Тој посочи и дека е потребно да се направи се за да се зајакнат здравствените системи на земјите.

Решавањето на овие големи проблеми секако ќе придонесе за квалитетно зајакнување на меѓународната соработка во медицинската и фармацевтската сфера – изјави рускиот лидер.

Истовремено, тој повика на взаемно признавање на вакцините и сертификатите за вакцинација против коронавирусот во светот , потсетувајќи дека Русија ја претстави таа иницијатива на неодамна одржаниот самит на Г20 во Рим.

Сигурен сум дека колку побрзо тоа се направи, толку полесно ќе биде целосно обновување на глобалниот бизнис, туризмот и другите активности. Нашата земја ќе продолжи да им помага на сите земји на кои им е потребна помош, со испорака на вакцини, лекови, опрема, тестови, опрема за лична заштита и слично, прецизираше Путин во неговиот говор.

Во таа насока, рускиот лидер истакна дека Светската здравствена организација може да ги забрза процедурите за проценка на квалитетот и безбедноста на вакцините против коронавирус, што ќе придонесе за взаемно признавање на сертификатите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!