Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин се надева дека Лукашенко нема да го прекине протокот на рускиот гас кон Европа, тоа би направило голем хаос

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска (сабота) изјави дека Белорусија не го известила за можноста за прекин на испораките на природен гас кон Европа, додавајќи дека таквиот потег би можело да ги оштети односите помеѓу Минск и нејзиниот клучен сојузник Москва.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во четвртокот се закани со одмазда за какви било нови санкции на Европската унија против Минск поради мигрантската криза на границата помеѓу Белорусија и Полска, сугерирајќи дека тоа би можело да го прекине транзитот на гас и други стоки кои поминуваат низ Белорусија.

Белорускиот дел од гасоводот Јамал-Европа носи руски гас директно во Полска и Германија и е во сопственост на рускиот државен гасен монопол Газпром.

Неодамна разговарав со него (Лукашенко), разговаравме двапати и тој никогаш не ми го спомна тоа, дури и не ми навести. Се разбира, теоретски, Лукашенко, како претседател на транзитна земја, би можел да нареди запирање на испораките на гас во Европа, изјави рускиот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!