Вие имате прво да ја знаете вистината

Шпанија е првак во вакцинацијата против ковид-19 и добро го чува “својот гол” од четвртиот бран на вирусот

Со највисока стапка на вакцинација помеѓу големите европски држави, Шпанија може да се пофали дека е поштедена од новиот бран на инфекција со ковид-19 кој се прошири на поголемиот дел од стариот континент, но експертите предупредуваат дека државата се уште е подложна на вирусот.

Шпанија, држава која беше помеѓу најтешко погодените на почетокот на пандемијата, во моментов има една од најниските стапки на заразеност во Европа – само 63 нови случаи на 100.000 луѓе во последните 14 дена.

Стапката е 12 пати повисока во Велика Британија, шест пати повисока во Германија и Полска, според анализата на АФП заснована на официјални податоци.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата изјави дека еволуцијата на пандемијата во Шпанија е „позитивна“.

Имаме повеќе од доволно причини да се чувствуваме горди на она што го постигнавме, изјави тој.

Околу 79 отсто од шпанската популација е целосно вакцинирана, во споредба со само 67 отсто од вакцинираните во Велика Британија и Германија.

Шпанија особено се издвојува по вакцинацијата на ранливите категории луѓе и постарите возрасни групи.

Повеќе од 99 отсто од Шпанците постари од 70 години се вакцинирани со две дози.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!