Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа заслужено го носи епитетот, симбол на модата! Меланија Трамп по долго време се појави во јавноста, а нејзниот изглед ги засени сите (фото/видео)

Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп сè уште важи за една од најстилизираните познати жени, а чувството за стил дефинитивно никогаш не ја напушта.

По напуштањето на Белата куќа, не знаеме многу за Меланија Трамп, поранешната прва дама на САД. Таа со својот сопруг, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се пресели во Флорида со нивниот син Барон, а отогаш Меланија ретко се појавува во јавноста.

Во октомври годинава, имавме можност да ја видиме на бејзбол натпревар, во уникатно есенското парче кое прилега за сите времиња, но исто така, таа од април не се појавува толку често во друштво на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Сепак, се чини дека таа го прекрши тоа правило минатата недела, и беше главна тема на модните списанија во САД.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од поранешната прва дама на САД, таа се појави на гала забавите одржана на почетокот на ноември во Флорида. А за двата настани Меланија носеше црни изданија кои се потпишани од познати дизајнери и вредат многу!

Иако таа повеќе не е прва дама, тоа не значи дека Меланија се откажува од беспрекорните изданија и дефинитивно важи за една од најдобро стилизираните познати дами.

За првата гала вечер таа избра црн фустан потпишан од дизајнерот Ралф Лорен. Моделот беше струкиран, а бил украсен со детаљ во форма на црна лента околу вратот.

https://www.instagram.com/tv/CV4t6Y6g1bA/?utm_source=ig_web_copy_link

Втората вечер од гала забавите во Флорида, Меланија се одлучи за фустан потпишан од модната куќа Валентино. Малку мистериозен крој и со ракави украсени со ефектен пердув, како и пунџа, Меланија повторно беше симбол за модата!

https://www.instagram.com/p/CV-4XSEAIpq/?utm_source=ig_web_copy_link
Таа исто така обајви и фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, каде повторно успеа да ги воодушеви својте следбеници со нејзиниот изглед.
https://www.instagram.com/p/CWDzKi_lNKA/?utm_source=ig_web_copy_link

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!