Вие имате прво да ја знаете вистината

Тој не престанува да руши рекорди, Кари е најдобриот тројкаш во НБА лигата!

Феноменалниот играч на Голден Стејт Вариорс, Стивен Кари, вчера постана најдобриот стрелец од линијата за три поени во историјата на НБА лигата.

Кари вчера постигна девет тројки од вкупните 40 поени кој ги постигна во домашната победа на Голден Стејт Вориорс против Чикаго Булс.

Кари го одгира својот 886 натпревар во најелитната кошаркарска лига во светот, и на своето конто стави вкупно 3366 тројки, што е само за осум тројки подобар од рекордот на веќе пензионираниот НБА играч, Реј Ален.

Кари сега ќе brka уште еден рекорд кој исто така се однесува на тројки. Имено, на Кари му недостасува малку да ја надмине бројката на Ален за постигнати тројки во регуларниот дел од сезоната. Ален застана на 2973, а Кари досега има 2896, па може да се каже дека ќе му требаат уште три до четири натпревари за да го собори и тој рекорд на Ален.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!