Вие имате прво да ја знаете вистината

Украински генерал со опасно предупредување, државата може да изгуби пет региони кои би завршиле во Русија!?

Поранешниот шеф на Закарпатската област и поранешен генерал-полковник Генадиј Москаљ предупреди дека некои региони на Украина би можеле да завршат во рамките на Руската Федерација.

Како што рече за телевизијата Украина 24, иако властите во Киев тврдат дека „се е под контрола и дека се е мирно“, тоа, всушност, не е така.

„Се работи за проектот Новоросијск, а се работи за регионите Харков, Дњепропетровск, Керсон, Николаев и Одеса“, објасни тој.

Москаљ го образложи своето тврдење велејќи дека „проруското расположение на народот“ е исклучително силно во тие региони.

Медиумите потсетуваат и дека претходно украинскиот академик и историчар Петар Толочко предупреди дека постои ризик Украина да се распадне поради „одвојувањето“ на населението од источнословенските корени и стремежот кон Западна Европа.

Како што појасни, Киев во тој процес би можел да ја изгуби целата своја територија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!