Разводот на најбогатиот човек на светот беше една од главните вести во 2019 година, а станува збор за основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос, кој пред некое време ја загуби и титулата на најбогат човек, а ја понесе основачот на компанијата Тесла, Илон Маск.
Една од главните причини за неговиот развод е љубовта помеѓу него и Лорен Санчез, која е виновна за распадот на неговиот долгогодишен брак.
И покрај сите останати работи, убавата Санчез одлучи својата кариера да ја гради на телевизија, а пред некое време таа проговори и за нејзиното детство.
Немавме ништо како мала. Спиев на задното седиште од автомобилот на баба ми, додека таа ги чистеше куќите, а јас фантазирав за нејзината кариера – изјави таа за Холивуд репортер.
Со напорна работа низ годините таа успеала да стигне до бројката од 30 милиони долари на нејзината банкарска сметка.
Лорен се верила пет пати. Со бившиот вереник Ентони го има синот Ник (20), а со единствениот сопруг Патрик Вајтсел, кој воедно е и поранешен добар пријател на Џеф Безос, има две деца Евана (15) и Елинор Патрисиј (13).
Како голем вљубеник во воздухопловството се здобила со пилотска дозвола. Ова секако било поттикнато од авионската несреќа на нејзината мајка.
Ако ви снема гориво, ако застанат моторите, се спуштате. Како и во животот. Се е добро ако се оди според нашиот план, но кога работите тргнат надолу, се прашувате дали ќе го преживеете тоа – изјави таа во едно интервју.