Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ за руските медиуми: Ќе разговарам со Путин, ќе го молам за повеќе и поефтин природен гас (видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека планира да разговара за цената на гасот и зголемувањето на обемот на снабдување со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Овој пат ќе имаме многу конкретни работи за разговор. Покрај политичката агенда, можам да кажам нешто, а нешто ќе оставам за разговор еден на еден. Би рекол дека прашањето над сите прашања овде во Србија е гасот, изјави тој за јутуб каналот Соловљев во живо, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека е убеден дека со рускиот претседател ќе најде решение за три работи поврзани со гасот, а тоа се цената на гасот и неговата количина и дека на Србија и треба се повеќе гас.

Вучиќ истакна и дека Путин секогаш во тешки околности покажувал разбирање за Србија.

Се надевам дека и овојпат ќе не разберат во однос на цената и обемот на испораките на гас, додаде претседателот на Србија.

Средбата меѓу Вучиќ и Путин е планирана за 25 ноември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!